Меѓународен фудбал Фудбал

Вотфорд не може без Италијанец: Алесио Дионизи ќе биде нов менаџер?

Италијанскиот стратег Алесио Дионизи е пред преземање на кормилото на Вотфорд, каде што се очекува наскоро да го замени Ед Стил.

Според последните информации од Островот, преговорите се во завршна фаза и тој би требало да потпише двегодишен договор кој би му носел заработка од половина милион евра по сезона. Дионизи е слободен по мартовскиот отказ во Емполи, а претходно во кариерата ги предводеше и Палермо и Сасуоло. Токму на клупата на Сасуоло, како наследник на Роберто Де Зерби, ги оствари своите најдобри резултати со две стабилни сезони во средината на Серија А.

Доколку се остварат најавите, тој ќе биде петтиот италијански предводник на „стршлените“ во изминатите тринаесет години. Специфичната традиција на клубот со менаџери од Апенините ја започна Џанлука Вијали во далечната 2001 година, а во поновата историја на овој стадион со променлив успех работеа и познатите стручњаци како Џанфранко Ѕола, Џузепе Санино, Валтер Мацари и Клаудио Раниери.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.