Други спортови Останато

Волф им дозволи на Антонели и Расел „војна“ на патеката!

Тимските колеги Џорџ Расел и Андреа Кими Антонели водеа вистинска војна на патеката за време на трката во Монтреал. Нивното ривалство кулминираше уште на саботниот спринт, кога младиот Антонели направи невнимателен потег и го закачи својот колега. Големиот инцидент беше избегнат, но големата тензија меѓу двајцата возачи се пренесе и во главната неделна трка.

Раководството на тимот потврди дека засега нема поделба на прв и втор возач и двајцата имаат еднаков статус. Во Мерцедес уживаат што имаат двајца конкуренти за висок пласман, па затоа моментно им дозволуваат отворено да се тркаат. Сепак, шефот Тото Волф призна дека возачите на неколку пати биле на самиот раб да направат огромна катастрофа.

По техничките проблеми на Расел во триесеттиот круг, младиот Антонели сепак успеа да стигне до својата четврта последователна победа. Германскиот тим веднаш ќе ја повлече рачната кочница доколку нивната меѓусебна битка почне сериозно да штети на клупските бодови.

Моментно Антонели е лидер во генералниот пласман со 131 бод, што е за 43 бода повеќе од Расел. Следното големо возбудување во шампионатот е закажано од 5. до 7. јуни на престижната улична трка во Монако.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.