Меѓународен ракомет Ракомет

Војводина и Партизан пред празни трибини во битка за трофејот!

Финалната серија од ракометниот плеј-оф во Србија доби неочекуван и бурен заплет, но одлуката за новиот шампион сепак ќе се решава на паркетот. По големите нереди кои доведоа до прекин на вториот натпревар, ракометарите на Војводина и Партизан вечерва од 19:00 часот повторно ќе ги одмерат силите во салата „Слана Бара“. Овој пат, по казната од раководството на лигата, култниот дуел ќе се одигра пред целосно празни трибини, па по неколкудневните жестоки соопштенија и дебати во јавноста, фокусот конечно се враќа на спортскиот престиж.

Во далеку подобра позиција се наоѓаат гостите од Белград, со оглед на тоа што Партизан славеше во првиот меч со убедливи 33:27 и веќе има водство од 1:0 во финалната серија. „Црно-белите“ доаѓаат во Нови Сад со намера уште вечерва да ја потврдат доминацијата и да го подигнат шампионскиот пехар. Од друга страна, домашната Војводина нема простор за никакви калкулации и се наоѓа пред огромен императив за победа, која е единствен спас за израмнување на серијата и продолжување на битката за титулата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.