Новата воена ескалација и судирите меѓу Израел и Иран ја прекинаа спортската реалност, но челниците на домашната кошаркарска лига донесоа одлука натпреварувањето да продолжи, наложувајќи вечерва да се одигра дуелот меѓу Макаби Тел Авив и Хапоел Холон. Ова предизвика експресен бунт кај кошаркарите на домаќинот, кои заеднички кренаа глас, а нивната реакција јавно ја сподели Американецот, Лони Вокер.
„Длабоко сме разочарани од одлуката да се игра. По непроспиена ноќ, константен стрес и повици од семејствата, не сме подготвени, ниту ментално, ниту физички. Ние не сме роботи, туку луѓе кои се соочуваат со страв и грижа за најблиските. Излегувањето на терен во вакви услови е небезбедно, а нашето здравје и сигурност мора да бидат на прво место“, порачаа играчите.
Останува да се види дали лигата ќе попушти пред јавниот отпор на кошаркарите кои одбиваат да ги ризикуваат животите поради спортски календар.

