Еден од најголемите трансфери ова лето се најде во неочекуван застој, откако преминот на Јан Диоманде од Лајпциг во Реал Мадрид вреден 122 милиони евра беше блокиран поради жестока војна меѓу две менаџерски агенции. Иако клубовите целосно се договорија, конечната реализација и официјалната потврда на „Сантјаго Бернабеу“ сега висат во воздух и чекаат одлука од ФИФА.
Според шпански „АС“, агенцијата „Максидел Менаџмент“ на поранешниот репрезентативец Макс Градел поднела тужба до ФИФА против агенцијата „Roc Nation Sports“, која е во сопственост на познатиот рапер Џеј-Зи. Градел тврди дека има важечки договор за застапување на Диоманде уште од времето кога го донесе од Леганес во Лајпциг, додека Реал ги водеше сите завршни преговори преку американската компанија, која во меѓувреме ги презеде правата над младиот фудбалер застапувајќи ги и ѕвездите како Винисиус и Ендрик.
Од Реал Мадрид тврдат дека не биле упатени во спорот и сметаат дека пречките не го засегаат мадридскиот клуб, но правилата на ФИФА овозможуваат привремена блокада на меѓународни трансфери при сомнеж за правото на застапување. Случајот најверојатно ќе се решава со издавање привремена регистрација за Диоманде да може да настапува за „кралевите“, додека милионските сопственички права и провизии меѓу закрвавените агенции ќе се расчистуваат во одделна правна постапка.

