Кошарка Македонска кошарка

Војдан Стојановски: Можеме до финале!

Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром денеска во СЦ Јане Сандански“  со почеток во 19:00 часот ќе го одигра решавачкиот натпревар против Пелистер во плејоф полуфиналната фаза. Резултатот во моментов е неизвесен, откако најпрво со 1-0 поведоа аеродромци, а пелистерци пред само неколку дена успеаја да издвојуваат победа на домашен терен и да го направат овој дуел уште поинтересен израмнувајќи на 1-1.

Ова ќе биде натпревар кој ќе го решава патникот во големото финале против тимот на КК Маџари кој испиша историја победувајќи го ТФТ за големо славје.

МЗТ Скопје во оваа сезона да домашен терен забележа две победи и еден пораз во директните дуели со Пелистер. Еден од клучните играчи на МЗТ Скопје пред натпреварот порача:

„Знаеме за каков противник се работи. Пелистер е квалитетен тим, но и силно мотивиран. Ние сме домаќини, имаме предност пред нашата публика, се зависи од нас. Ќе дадеме се од себе да го победиме противникот, знаеме дека можеме во финалето“ изјави Стојановски.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести