Меѓународен фудбал Фудбал

Во спектаклот во Париз, ПСЖ и го нанесе првиот пораз на Барса сезонава (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен ја победи Барселона со 4:2 во вистински фудбалски спектакл во Лигата на шампионите, нанесувајќи им го на Каталонците првиот пораз во сезоната. Избраниците на Ханси Флик двапати успеаја да се вратат резултатски во натпреварот, но актуелниот европски шампион имаше одговор на секој нивни обид за пресврт.

Парижаните од самиот почеток наметнаа високо темпо и со агресивен пресинг ѝ создаваа проблеми на одбраната на Барселона. Квича Кварацхелија уште во воведните минути ја погоди стативата, а домаќините продолжија да се закануваат кон голот на Жоан Гарсија.

Притисокот на ПСЖ вроди со плод во 38. минута. По загубената топка на Ламин Јамал, Жоао Невеш ја започна акцијата, а Дезире Дуе се ослободи од својот чувар и со прецизен удар донесе водство од 1:0 за францускиот тим.

Барселона возврати во второто полувреме. Во 55. минута, по одличната акција на Фермин Лопез, Чави Еспарт ја затресе мрежата на домаќините за 1:1, враќајќи ја неизвесноста во дуелот.

Сепак, ПСЖ повторно поведе во 72. минута. По корнерот на Дуе, Лукас Ернандез беше највисок во скокот и донесе нова предност за парижаните.

Каталонците не се предадоа, а Ламин Јамал во 79. минута со одличен потег и прецизен удар во блискиот агол повторно израмни, овојпат на 2:2. Но, радоста на гостите траеше кратко.

Само две минути подоцна, Витиња ја искористи топката на работ од шеснаесетникот, ја смири со градите и со прецизен удар во долниот десен агол повторно го доведе ПСЖ во водство. Конечниот резултат го постави Фабијан Руиз во 86. минута, потврдувајќи ја победата на европскиот шампион.

Барселона покажа дека има квалитет и карактер за враќање во натпреварот, но одбраната на Каталонците не успеа да ги запре нападите на расположениот домаќин. ПСЖ беше поефикасен во клучните моменти и ги искористи своите можности за да стигне до значајна победа.

За Барселона, ова е првиот пораз во сезоната, откако последен пат загуби од Валенсија во мај, на крајот од минатата сезона.

Сепак, победата на ПСЖ беше засенета од загриженоста поради повредите на Квича Кварацхелија, Усман Дембеле и Маркињос. Нивната состојба може да биде важен фактор за Луис Енрике во продолжението од сезоната.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.