Сомалискиот фудбалски судија Омар Артан доживеа вистински емотивен ролеркостер за само неколку дена, минувајќи низ најголемото разочарување и најголемата радост во својот живот. Артан пристигна на аеродромот во Мајами со уредна виза како еден од избраните арбитри за претстојното Светско првенство, но наместо да излезе на теренот, тој беше принуден експресно да се врати назад во својата татковина. Американските власти му го скратија правото на влез и работа во земјата, оправдувајќи ја одлуката со фактот што Сомалија се наоѓа на нивната „црна листа“. Иако зад Артан немаше никаков прекршок или дамка во кариерата, американските цариници подоцна неосновано му припишаа и наводни „врски со тероризам“, само за да го оправдаат неговото протерување.
Сепак, она што започна како брутална спортска и човечка неправда во Америка, во неговиот роден крај се претвори во незаборавен триумф. Веднаш по слетувањето во татковината, Артан беше дочекан како вистински национален херој од илјадници еуфорични сонародници, кои беа бесни поради неправдата нанесена врз недолжниот човек. Државниот врв експресно му организираше свечен прием во знак на поддршка, по што еден од најдобрите африкански арбитри јавно ѝ се заблагодари на ФИФА за помошта во овој тежок период.
“Omar Artan becomes emotional about his #Somali identity.”
“I’m not upset that I was sent back from the #United States. I will continue to work hard, and I will not be #discouraged.” pic.twitter.com/aiFUkBr4h3
— SMS Somali TV (@SMSSomaliTV1) June 10, 2026

