Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Во драматичен натпревар Белгија успеа да победи против Сенегал

Белгија по вистинска фудбалска драма обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство, совладувајќи го Сенегал со 3:2 по продолженија иако беа на работ на елиминација, но успеаја да се вратат од негатива од два гола и со погодок во последните моменти да го свртат резултатот во своја корист. Сенегалците одиграа одличен натпревар во првиот час игра и сосема заслужено поведоа со 2:0. Хабиб Дијара ја донесе предноста во 23. минута, а Исмаила Сар веднаш по почетокот на второто полувреме ја удвои позитивата, ставајќи ја Белгија во исклучително тешка позиција.

Кога изгледаше дека африканската селекција сигурно чекори кон осминафиналето, Белгија го засили притисокот. Ромелу Лукаку во 86. минута ја врати надежта со погодок за 2:1, а само три минути подоцна капитенот Јури Тилеманс со удар со глава го израмни резултатот и избори продолженија. Во дополнителните 30 минути двете репрезентации имаа можности да го решат победникот, но конечната одлука падна во самиот финиш. По ВАР-интервенција беше досуден пенал за Белгија, а Тилеманс остана смирен и во 125. минута сигурно реализираше од белата точка за конечни 3:2.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.