Меѓународен фудбал Фудбал

Влаховиќ пред трансфер во Бешикташ, ќе заработува 8 милиони евра по сезона!

Душан Влаховиќ е на чекор до договор со Бешикташ, тврдат последните информации од Италија. Српскиот напаѓач е слободен агент откако на крајот на јуни му истече договорот со Јувентус. Според италијанските медиуми, Влаховиќ постигнал начелен договор со турскиот клуб за тригодишна соработка, односно до летото 2029 година. Во Бешикташ би заработувал 8 милиони евра по сезона во гарантирана плата, без дополнителните бонуси.

Се наведува и дека српскиот репрезентативец би можел да добие значителен бонус за потпис, кој би достигнал околу 20 милиони евра. Важна улога во потенцијалниот трансфер има тренерот на Бешикташ, Винченцо Италијано. Италијанскиот стратег го познава Влаховиќ уште од периодот во Фиорентина и силно посакува повторна соработка со напаѓачот.

Влаховиќ во Јувентус пристигна од Фиорентина за 70 милиони евра плус бонуси, но по истекот на договорот не успеа да се договори за продолжување на соработката. Доколку трансферот биде официјализиран, 26-годишниот напаѓач ќе го продолжи кариерата во Турција и ќе добие нов предизвик по четири години поминати во дресот на „старата дама“.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.