Душан Влаховиќ пристигна во Истанбул, каде беше пречекан од навивачите на Бешикташ, со што практично е означен почетокот на новата етапа во кариерата на српскиот голгетер. Влаховиќ во средата вечерта слета на аеродромот „Ататурк“, а по пристигнувањето не го криеше задоволството што ќе го облече дресот на турскиот гигант.
„Многу сум среќен што сум тука. Знам што сакаме да направиме. Сакам да му се заблагодарам на претседателот, на сите кои работеа на трансферот и, секако, на тренерот Винченцо Италијано“, изјави Влаховиќ.
Српскиот напаѓач особено го истакна значењето на црно-белата боја, која, како што вели, го следи уште од детството.
„Како дете навивав за Партизан, а и понатаму навивам. Потоа играв за Јувентус, а сега сум во Бешикташ“, додаде тој.
Влаховиќ во Истанбул пристигнува како слободен играч по истекот на договорот со Јувентус. Доколку последните детали бидат финализирани според планот, 26-годишниот голгетер ќе потпише тригодишен договор со Бешикташ, според кој се очекува да заработува околу осум милиони евра по сезона плус бонуси.
Сега Влаховиќ ќе има можност да ја оживее кариерата во нова средина, а интересно е што повторно ќе соработува со Винченцо Италијано. Двајцата веќе работеа заедно во Фиорентина во првиот дел од сезоната 2021/22, токму во периодот кога Влаховиќ со своите голови го привлече вниманието на европските гиганти.
🔥🔥🔥 DUSAN'DAN İLK ÜÇLÜ! pic.twitter.com/1VVIxS5oQN
— Haber Kartalı (@HaberKartali) August 12, 2026

