Меѓународен фудбал Фудбал

Влаховиќ ќе почека за деби во Бешикташ!

Душан Влаховиќ наскоро би можел да го запише првиот настап за Бешикташ, откако тренерот Винченцо Италијано откри дека српскиот напаѓач најверојатно ќе биде во составот за претстојниот европски натпревар. Влаховиќ минатата недела пристигна во Истанбул, ги мина лекарските прегледи и потпиша тригодишен договор со турскиот клуб. По спектакуларната промоција, тој веќе се приклучи на тренинзите, но сè уште не е подготвен за целосна минутажа.

Бешикташ во првото коло од турската Суперлига славеше со 1:0 против Ејупспор, а по натпреварот Италијано објасни дека со Влаховиќ ќе има сличен пристап како со Леандро Тросар.

„Влаховиќ долго време тренираше индивидуално и мора да бидеме внимателни. Не сакаме да ризикуваме непотребна повреда“, порача Италијано.

Тренерот сепак најави дека српскиот репрезентативец би можел да биде на клупата веќе во четврток, кога Бешикташ го очекува првиот натпревар против Жалгирис во плеј-офот за пласман во Лигата на Европа.

„Влегува во форма. Тој е физички доминантен фудбалер и одличен реализатор во шеснаесетникот. Наскоро ќе го видиме на теренот“, додаде италијанскиот стратег.

Така, Влаховиќ е на чекор од првите минути во дресот на Бешикташ, но во Истанбул немаат намера да брзаат со неговото враќање во натпреварувачки ритам.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.