Душан Влаховиќ имаше совршен фудбалски момент во дресот на Бешикташ, но големата победа над Фенербахче може да ја плати со неколку натпревари пауза. Српскиот репрезентативец беше стрелец на единствениот гол на натпреварот, но по завршувањето на дербито повеќе се зборуваше за неговиот конфликт со Милан Шкринијар. Влаховиќ во 73. минута го постигна голот кој му донесе триумф на Бешикташ на гостински терен. Сепак, во центарот на вниманието се најде и неговиот жесток дуел со дефанзивецот на Фенербахче.
Вербалната расправија меѓу двајцата фудбалери брзо прерасна во физички конфликт. Шкринијар го фати Влаховиќ за вратот, по што српскиот напаѓач реагираше со низа пцовки и навреди. Додека соиграчите се обидуваа да ја смири ситуацијата, Влаховиќ направи и непристоен гест кон својот противник. Судијата во тој момент не го санкционираше гестот, но ситуацијата би можела да добие поинаков епилог доколку случајот стигне до Дисциплинската комисија. Снимка од инцидентот се појави во јавноста, а токму таа може да биде основа за дополнително разгледување на случајот.
Според пишувањата на турските медиуми, на Влаховиќ потенцијално му се заканува суспензија од две до пет натпревари. Сепак, засега нема официјална одлука, бидејќи најпрво треба да биде покрената дисциплинска постапка против српскиот фудбалер. Така, Влаховиќ од херој на Бешикташ лесно би можел да се најде во непосакувана ситуација. Голгетерски ја реши големата пресметка со Фенербахче, но неговото однесување во конфликтот со Шкринијар сега може дополнително да го чини.

