Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Владата и Федерацијата се расправаат кој треба да го плати селекторот!

Сенегалскиот фудбал се најде во центарот на голем скандал поради случајот со поранешниот селектор Папе Тиав. Наместо мирен крај на соработката, неговото заминување отвори сериозен спор меѓу Владата и Фудбалската федерација околу тоа кој треба да ги исполни финансиските обврски од неговиот договор. Тиав со месеци ја водеше репрезентацијата без официјално потпишан договор, а непосредно пред Светското првенство се појавија информации дека размислувал дури и да не отпатува со тимот доколку не ги добие ветените услови. Подоцна самиот потврди дека конечно потпишал нов тригодишен договор.

Сепак, по елиминацијата на Сенегал во осминафиналето од Белгија, Федерацијата реши да го разреши од функцијата. Тогаш започна и новата драма, бидејќи Владата одби да ги покрие трошоците од неговиот договор, тврдејќи дека никогаш не дала согласност за таков финансиски аранжман. Според информациите, договорот предвидува месечна плата од 45.000 евра, бонус за потпис од 183.000 евра, како и исплата на отштета во висина до осум месечни плати. Засега не е познато како ќе заврши спорот, кој дополнително ја наруши атмосферата во сенегалскиот фудбал.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.