Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Виса ги шокираше Португалците за 1-1 во надополнувањето од првиот дел! (ВИДЕО)

Во еден цврст натпревар без шанси на двете страни, Португалија и ДР Конго на полувремето заминуваат со нерешени 1-1. Португалците уште од самиот старт наметнаа темпо и ја имаа топката во својот посед, притискаа и тоа многу рано во мечот вроди со плод. Во 6-та минута, по центаршутот на Нето, малиот Жоао Невеш најдобро се снајде во шеснаесетникот на Конго и со феноменален удар со глава донесе предност на фаворитот.

Португалија и после постигнатиот погодок продолжи да напаѓа, но дисциплираната игра во дефанзивата на африканската репрезентација не дозволи фаворитот да создаде нова прилика за гол.

Од друга страна Конго беше целосно посветен на дефанзивата, дури и по примениот гол, а ретките обиди да прејдат на половината на фаворитот завршуваа неуспешно, после неколку проигрувања на противничката половина.

И кога сите очекуваа крај на првиот дел, следеше шок за Португалците. Во последните моменти од надополнувањето на првиот дел, играчите на Конго изведоа корнер со кратко додавање, по што следеше прецизен центаршут во петерецот на Масуаку, а напаѓачот на англиски Њукасл, Јоан Виса, со удар со глава, донесе израмнување и шок за многубројните португалски навивачи на стадионот во Хјустон.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.