Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Винисиус во војна со ФИФА: Одби интервју на полувреме, па му се заканува казна!

Ремито меѓу Бразил и Мароко (1-1) остана во сенка на потегот на Винисиус Жуниор, кој за време на натпреварот одби да исполни една од новите медиумски обврски кои ФИФА експериментално се обидува да ги воведе на Светското првенство. Додека заминуваше кон соблекувалната на полувремето, бразилскиот репрезентативец воопшто не сакаше да застане пред камерите, и покрај предупредувањата дека поради тоа се соочува со санкција.

„Нема врска, ќе ја платиме казната“, кратко и дрско порача фудбалерот на Реал Мадрид, ставајќи до знаење што мисли за земањето изјави во периодот наменет за одмор и за тактички договори.

Само неколку часа подоцна, тој повторно се најде во центарот на вниманието во микс-зоната по натпреварот. Новинар од Венецуела учтиво го замоли да одговори на шпански јазик, но Винисиус остана тврдоглав и доследен на својот инает. „Јас сум од Бразил, ќе зборувам само на португалски“, возврати бразилскиот ас.

Ваквите реакции на суперѕвездата предизвикаа бура од коментари на социјалните мрежи. Додека дел од јавноста смета дека фудбалерите мора да ги почитуваат новите комерцијални правила на ФИФА, мнозинството застана во одбрана на Бразилецот, потенцирајќи дека полувремето мора да остане светост наменета исклучиво за играчите и за тренерите.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.