Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Винисиус: Не сум тука за да бидам најдобар играч, туку да го вратам Бразил на врвот

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, пред вечерашното мундијалско деби на Бразил против Мароко порача дека негов единствен сон е шестата светска титула за „кариоките“, а не индивидуалните признанија.

„Не сум тука за да бидам прогласен за најдобар играч на турнирот, туку за да го вратам Бразил на врвот. Имам многу повеќе искуство во споредба со минатиот Мундијал и сакам да покажам дека можеме да бидеме шампиони“, изјави Винисиус.

Бразилецот одби да ги коментира шпекулациите за неговата иднина во Кралскиот клуб, каде што има уште само една година од договорот, нагласувајќи дека за тоа ќе се зборува по првенството. Воедно, тој повика на максимална претпазливост против првиот ривал:

„Мароко може повторно да изненади. Го имаат мојот клупски соиграч Брахим Дијас, го имаат Хакими и сериозно напредуваат. Нè очекува одличен натпревар“, заклучи офанзивецот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.