Меѓународен фудбал Фудбал

Винисиус на чекор до Арсенал по ултиматумот од Реал

Преговорите меѓу Винисиус Жуниор и Реал Мадрид за нов договор влегоа во слепа улица, а таквата ситуација максимално се обидува да ја искористи англискиот шампион Арсенал. Според извештаите на „ЕСПН“ и „Марка“, раководството на кралскиот клуб му поставило ултиматум на Бразилецот по принципот „земи или остави“ и нема намера да ја зголеми последната понуда, што ја отвора вратата за негово заминување од „Сантијаго Бернабеу“.

Информациите за можен трансфер во северен Лондон дополнително ги подгреаа добро информираните инсајдери во Англија. Познатиот профил „HandofArsenal“ објави дека Арсенал веќе постигнал начелна согласност за личните услови со бразилскиот репрезентативец. Агенцијата „ROC Nation“, зад која стои музичката ѕвезда Џеј-Зи и која ги застапува интересите на фудбалерот, наскоро треба да влезе во директни преговори со Реал Мадрид носејќи астрономска понуда од англискиот гигант.

Надежите на навивачите на Арсенал ги подгреа и агентот на Бруно Гимараеш, уште еден Бразилец кој е пред потпис со клубот, кој објави заедничка фотографија со Винисиус на социјалните мрежи. Иако од Шпанија сè уште се чека официјалниот расплет, сè поизвесно е дека преселбата на бразилското крило во Премиер лигата влегува во завршна фаза.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.