Кошарка Меѓународна кошарка

Виктор Вембањама добива сопствена линија патики од Најки

Француската кошаркарска ѕвезда Виктор Вембањама ќе добие сопствена потпишана линија патики како дел од новиот долгорочен договор со спортскиот гигант Најк. Актуелниот најдобар дефанзивец во НБА-лигата е пред потпис на нова повеќегодишна соработка со американската компанија, со оглед на тоа што неговиот претходен договор истекува во октомври годинава.

Асот на Сан Антонио Спурс ги валоризира своите добри игри од изминатите две сезони во најсилната кошаркарска лига во светот. Покрај соработката со Најк, Вембањама веќе стави потпис на петгодишен договор со Сан Антонио вреден 252 милиони долари, а од 2024 година настапува и како глобален амбасадор на познатата модна куќа Луј Витон.

Изминатата сезона францускиот центар ја заврши со доминантна статистика од 25 поени, 11,5 скокови, 3,1 асистенции, 3,08 блокади и 1,03 украдени топки по натпревар, со што уште еднаш го потврди статусот на еден од најталентираните кошаркари на денешницата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.