Македонски ракомет Ракомет

Виктор Јанковски останува во Вардар до 2028 година!

Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 официјално го потврди продолжувањето на соработката со пивотот Виктор Јанковски. Полскиот репрезентативец стави потпис на нов договор со кој се обврза да ги брани боите на скопските „црвено-црни“ најмалку до 2028 година.

Од раководството на трофејниот клуб го потврдија задоволството од постигнатиот договор за долгорочна соработка:

„Со задоволство ја потврдуваме продолжената соработка со полскиот репрезентативец Виктор Јанковски, кој во изминатиот период се етаблираше како една од најважните алки во составот на Вардар.“

Полскиот ракометар израсна во клучен играч во замислите на стручниот штаб, остварувајќи одличен ефект како во одбраната така и во нападот од линијата од шест метри. Со овој потег скопскиот клуб прави значаен чекор во градењето на стабилен и конкурентен состав за идните сезони. Потписот на Јанковски е јасна потврда за високите амбиции на Вардар 1961 да ја одржи шампионската доминација на домашната сцена и во претстојните години.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.