Меѓународен фудбал Фудбал

Викарио на излезна врата од Тотенхем, Јуве и Наполи ја следат ситуацијата!

Летниот преоден рок би можел да донесе голем кам-бек на Гулјелмо Викарио во италијанскиот фудбал. Одличниот чувар на мрежата на Тотенхем се наоѓа во фокусот на неколку калчолигаши, а сè погласни се сигналите дека неговата лондонска авантура е пред самиот крај по само три години поминати во Премиер лигата.

Најсериозен интерес во моментов покажува тимот на Јувентус, кој внимателно ја следи ситуацијата со 28-годишниот голман. Иако примарен избор на торинскиот гигант и понатаму е Емилијано Мартинез, астрономската цена која ја диктира Астон Вила за популарниот „Дибу“ ги принудува челниците на Јуве да бараат пореална алтернатива, каде името на Викарио е означено како идеален избор. Во трката за неговиот потпис се вклучува и Наполи, тим кој планира промени меѓу стативите за новата сезона, но нивната офанзива ќе почека додека не се ослободи место со заминување на некој од актуелните чувари на мрежата во Неапол.

Викарио пристигна во Тотенхем во летото 2023 година од Емполи и експресно се етаблираше како еден од најсигурните столбови на тимот во Лондон. Иако во моментов сè уште нема официјални преговори, неговото враќање на Апенините станува сè поактуелна тема, а раководството на Тотенхем е подготвено да ги сослуша понудите кои набрзо ќе пристигнат на нивна адреса.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.