Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

(ВИДЕО) Швајцарците се „казнија“ самите, Катар со шок во 95. минута до мундијалска сензација!

Светското првенство во Сан Франциско започна со првата голема сензација, откако Катар во судиското продолжение извлече реми 1-1 против фаворизираната Швајцарија во рамките на групата Б.

Швајцарците доминираат во поголемиот дел од мечот. По неколкуте пропуштени шанси и одличните одбрани на катарскиот голман Абунада, европската селекција поведе во 17′ минут преку Брил Емболо беше прецизен од пенал, кој беше досуден по ВАР-проверка.

Во второто полувреме, избраниците на Мурат Јакин влегоа премногу опуштено и потценувачки. Наместо да ја запечатат победата преку Џака и Варгас, тие ја загубија концентрацијата, а казната стигна во 95. минута кога Катарците ја искористија својата последна шанса за конечни 1-1 и огромно изненадување.

По првото коло, групата Б е целосно изедначена, бидејќи и пресметката меѓу Канада и Босна и Херцеговина заврши со идентични 1-1.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.