Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

(ВИДЕО )Мексико веќе е во нокаут-фазата по победата над Јужна Кореја!

Мексико стана една од првите селекции што обезбеди место во елиминациската фаза на Светското првенство, откако славеше со минимални 1-0 против Јужна Кореја во натпревар од групата А.

Пред своите навивачи на стадионот „Акрон“, избраниците на Хавиер Агире ја запишаа и втората победа на турнирот, со што го потврдија првото место во групата уште пред последното коло. Со максимални шест бода, Мексиканците се недостижни на врвот, додека Кореја останува на три освоени поени.

Решавачкиот момент се случи на почетокот на второто полувреме. Во 50. минута Луис Ромо најдобро се снајде по голема грешка на корејскиот голман Ким Сеунг-Гју и ја испрати топката во мрежата за водство кое подоцна се покажа како доволно за триумф.

Корејците во завршницата тргнаа по израмнување и создадоа неколку опасни ситуации, но голманот Раул Ранхел беше сигурен на голот на домаќините и не дозволи изненадување.

Во последното коло Мексико ќе игра против Чешка, додека Република Кореја ќе ги одмери силите со Јужна Африка во битката за пласман во следната рунда.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.