Меѓународен фудбал Фудбал

(ВИДЕО) Играчи на ЦСКА Софија евакуирани по пожар во дискотека!

Големите спортски успеси и кревањето на долгоочекуваните пехари секогаш носат бучни и еуфорични прослави кои траат до раните утрински часови. Сепак, понекогаш празничната атмосфера и моментите на радост можат во секунда да се претворат во вистинска драма и да ги принудат славениците панично да спасуваат жива глава. Токму еден ваков шокантен пресврт доживеале фудбалерите на бугарскиот гигант ЦСКА Софија, чија шампионска ноќ наместо со песна, завршила со итна евакуација поради огнена стихија.

Само неколку часа по големиот триумф и освојување на Купот на Бугарија, експедицијата на „армејците“ се собрала во познат локал во главниот град за да го прослави освојувањето на првиот клупски трофеј по цели пет години пост. На забавата присуствувале речиси сите ѕвезди на ЦСКА во придружба на нивните поубави половини, а од раководните структури на клубот тука бил и спортскиот директор Бојко Величков.

Сепак, славењето било прекинато нешто по 4:00 часот наутро, кога во ноќниот клуб ненадејно избувнал пожар. Благодарение на брзата и присебна реакција на вработените во објектот, веднаш била започната евакуација на сите присутни гости, со што биле спречени потешки последици. Како што пренесува новинската агенција „БГНЕС“, дел од посетителите имале сериозни проблеми со дишењето поради густиот чад кој го преплавил просторот, но за среќа, евакуацијата поминала организирано и без поголема паника.

@chalga.emanuela #ritualbylav #studentski #tedialeksandrova #chalga #fyp ♬ original sound – 💫Ben Fero Official 💫

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.