Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

(ВИДЕО) Германија не простува, Курасао испиша историја во тешкиот пораз!

Германската машина на суров начин го започна својот настап на Мундијалот, славејќи со високи 7-1 против селекцијата на Курасао. Иако разликата во класа беше очигледна, овој натпревар ќе остане со златни букви запишан во историјата на малиот остров од Карибите поради нивниот прв мундијалски погодок.

Егзекуцијата започна уште во шестата минута преку Нмеча, но шокот за фаворитот следеше набрзо потоа, Ливано Коменсија ја искористи својата шанса и донесе израмнување за огромна радост на аутсајдерот. Сепак, надежта за изненадување кратко траеше, бидејќи Шлотербек и Каи Хаверц со прецизен удар од белата точка до паузата се погрижија Германија да замине со комотни 3-1.

Вторите 45 минути беа вистинска лекција по фудбал. Мусијала го најави потопот зголемувајќи на 4-1, по што во листата на стрелци се запишаа и Браун и Ундав. Точка на оваа убедлива партија стави Хаверц со својот втор гол на мечот, потврдувајќи ја доминацијата на „панцирите“ на стартот на шампионатот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.