Меѓународен фудбал Фудбал

Вест Хем ќе го спасува „заборавениот“ Санчо?

Поминаа дури четири месеци откако Џејдон Санчо го раскина договорот со Манчестер Јунајтед, а некогаш еден од најскапите крилни напаѓачи во светот сè уште е без клуб. Иако имаше одредени понуди, дел од нив беа одбиени од самиот фудбалер, додека последната опција со Хетафе пропадна поради финансиите, Санчо не прифати да игра во Ла Лига за плата од 40.000 евра месечно.

Сепак, понуда пристигна од Вест Хем. „Чекичарите“ испаднаа од Премиер лигата, но по воведните 12 кола во Чемпионшип се наоѓаат на третото место со само три бода помалку од лидерот Мидлсбро. Менаџерот Нуно Еспирито Санто му нуди рака на спасот за да му помогне да ја рехабилитира кариерата, но без некои посебни или екстравагантни финансиски услови.

Според пишувањата на англиските медиуми, Санчо сè уште го нема дадено конечниот одговор, но Вест Хем му се нуди како совршена шанса за враќање во форма и враќање на фудбалската сцена.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.