Вест Хем оствари огромна заработка по испаѓањето од Премиер лигата, инкасирајќи дури 165 милиони евра од продажбата на двајца фудбалери. По трансферот на Матеус Фернандеш во Тотенхем за речиси 100 милиони евра, лондонскиот клуб го продаде и холандскиот репрезентативец Крисенсио Самервил.
Крилниот напаѓач ја продолжува кариерата во саудискиот Ал-Хилал за сума од 65 милиони евра. Самервил потпиша четиригодишен договор со клубот.
Во изминатите две сезони за Вест Хем, тој забележа 56 настапи и постигна осум голови. 24-годишниот фудбалер годинава дебитираше и за репрезентацијата на Холандија, каде што на Мундијалот беше стрелец на два погодоци против Јапонија и Шведска.

