Меѓународен фудбал Фудбал

Вест Хем испадна од Премиер лигата

Бескомпромисната борба до последната секунда е заштитен знак на англискиот фудбал, каде што нема место за попусти и емпатија кон ривалите. Во еден таков суров дуел, Њукасл со сигурни 3:1 го испрати Вест Хем кон понизок ранг, ставајќи крај на нивниот 14-годишен континуиран престој во англиската елита. Овој исход комплетно му одговара на Тотенхем, на кого сега му е доволен само бод против Челси за и официјално да обезбеди опстанок.

„Страчките“ ја завршија работата уште во првите 20 минути од мечот. Германскиот двометраш Ник Волтемаде и Данецот Вилијам Осула набрзина донесоа водство од 2:0, најавувајќи го конечниот епилог во корист на домашниот тим.

Сите дилеми беа решени во 65. минута кога Осула со својот втор гол зголеми на недостижни 3:0. Гостите до крајот успеаја само да ја спасат честа преку Валентин Кастељанос, кој ги постави конечните 3:1. Ова е премногу слаба утеха за португалскиот менаџер Нуно Еспирито Санто, кој не успеа да го спаси клубот од источен Лондон, па неговата иднина на клупата сега е под голем знак прашалник.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести