Uncategorized

Веспрем го преслуша Фуксе и однесе два бода од Германија

Унгарски Веспрем оствари убедлива победа на гостувањето кај Фуксе Берлин со 29:35 во дербито од 2. коло во Лигата на шампионите. Иако германскиот тим влезе со висока самодоверба по триумфот над Партизан, пред сопствената публика налета на гранитна одбрана и сурова реализација на гостите.

Унгарците со фуриозна серија од 5:0 уште во првиот дел се одлепија на 6:12, за на пауза да заминат со комотни 16:21. Во второто полувреме, предводени од разиграниот Матијас Гидсел, домаќините притиснаа и намалија на 24:25. Сепак, промашениот пенал на Грондал за комплетно израмнување се покажа како пресвртна точка.

Казната пристигна експресно. Веспрем го прекина неколкуминутниот сушен период и преку незадржливите Деска и Хешам брзо ја врати предноста од четири гола (25:29), по што рутински го приведе мечот до самиот крај.

Прв име во победата на Веспрем беше Уго Деска со девет погодоци, а Хешам додаде седум, додека кај Фуксе Берлин недоволна беше и одличната партија на Гидсел, кој постигна десет гола.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.