Иако има договор со Ред Бул до крајот на 2028 година, иднината на Макс Верстапен повторно е тема во Формула 1. Слабите резултати оваа сезона ги засилија шпекулациите дека четирикратниот светски шампион би можел да ја промени средината. Според клаузулата во неговиот договор, Холанѓанецот може да замине во друг тим во 2027 година доколку до летната пауза не се наоѓа меѓу првите двајца во генералниот пласман.
Во изминатиот период најчесто се споменуваше трансфер во Мерцедес, а сè погласни се и гласините за можен премин во Мекларен. Директорот на Ред Бул, Лоран Мекис, изјави дека Верстапен сака да остане во тимот, но истовремено потенцираше дека најважно за него е да има болид способен да се бори за победи. Во Ред Бул уверуваат дека работат на подобрување на перформансите и веруваат дека повторно ќе се вратат во шампионската битка.

