Кошаркарите на Сан Антонио дојдоа до својата 60 победа во регуларниот дел од сезоната на НБА лигата, славејќи победа на домашен терен против Филаделфија (115:102) и ја продолжија битката за првата позиција на Западот со Оклахома.
Но фановите на Спарс може да ги загрижува повредата на нивната прва ѕвезда во тимот и еден од фаворитите за МВП наградата, Виктор Вембенјама, на само десет дена од почетокот на Плеј-оф фазата. Тој по еден дуел заработи повредана ребрата и го пропушти второто полувреме.
Младиот французин против екипата на Филаделфија, на теренот помина нешто повеќе од 15 минути и постигна 17 поени.

