Младиот француски кошаркар, Виктор Вембенјама беше прогласен за Дефанзивен играч на годината. Наградата ја освои со едногласна одлука, што е прв пат во историјата на НБА лигата. Ѕвездата на Сан Антонио, со само 22 години е и најмладиот играч кој стигнал до оваа престижна награда.
Популарниот Вемби е во финалната битка и за МВП наградата, а на неа се уште и Никола Јокиќ и Шеи Александар.

