Машката кошаркарска репрезентација на Франција направи важен чекор кон пласманот на Светското првенство 2027 година, откако ја совлада Словенија со убедливи 92-67 во натпревар од квалификациите. Враќањето на новиот капитен Виктор Вембањама во националниот дрес по освојувањето на сребрениот медал на Олимписките игри во Париз мина во знак на негова потполна доминација на теренот, иако во игра мина само 21 минута.
Центарот на Сан Антонио Сперс го заврши дуелот со 22 поени, девет скокови и една блокада, остварувајќи индекс на корисност 24. Во победничкиот табор се истакнаа уште и Максим Рено и Матје Стразел со по 13 поени, додека Руди Гобер додаде девет поени и седум скокови. Кај Словенија, која на овој дуел настапи без својата најголема ѕвезда Лука Дончиќ, најрасположени за игра беа Мартин Крампељ и Грегор Глас со по 10 постигнати поени.
Со овој триумф Франција стигна до скор од 6-1 и се зацврсти на првото место во групата Л. „Триколорите“ веќе на 30 август ги очекува гостување кај селекцијата на Шведска во продолжението од борбата за место на Мундобаскетот во Катар.

