Сан Антонио Спарс преживеаја во „Медисон Сквер Гарден“. Тексашаните славеа против Њујорк Никс со 115:111 во најдобриот натпревар од големото НБА финале. Со оваа победа, тимот на Мич Џонсон намали на 2:1 во серијата и ја врати неизвесноста.
Домаќините имаа огромна енергија и поддршка од преполната арена. Сепак, тие немаа одговор за извонредниот тандем Виктор Вембањама и Стефон Касл. Францускиот центар го заврши мечот со 32 поени, 8 скокови и 6 асистенции. Младиот Касл додаде 23 поени, вклучувајќи ја и клучната тројка од осум метри со звукот на сирената за истек на нападот.
Кај поразените Никс, најдобар беше Џејлен Брансон со 32 поени, но тој направи и пет изгубени топки. Ануноби постигна 28 погодоци, додека Таунс потфрли и остана на скромни 11 поени.
Четвртиот натпревар од оваа финална серија се игра за два дена, повторно во Њујорк.

