Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Величествен пречек за норвешките херои: Илјадници во Осло „веслаа“

Репрезентацијата на Норвешка доби величествен дочек во Осло по историскиот настап на Светското првенство. Иако беа елиминирани од Англија во четвртфиналето, граѓаните се пресреќни од остварениот голем успех.

Десетици илјади возбудени навивачи ги преплавија главните улици за да ги поздрават своите фудбалски миленици. Насобраната толпа, заедно со играчите од отворениот автобус, симулираше веслање со гласно скандирање „ро, ро, ро“. Овој популарен норвешки извик во превод на македонски јазик значи „веслај“.

Фудбалерите и стручниот штаб подоцна беа примени и во кралската палата на свечен прием. Таму принцот престолонаследник Хокон со удирање на голем тапан лично го командуваше шампионското веслање.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.