Вечерва од 21:00 часот ќе бидат познати последните четири учесници во лигашката фаза од Лигата на шампионите, откако ќе се одиграат реванш-натпреварите од преостанатите плејоф двомечи. По првите средби сите четири пресметки остануваат целосно отворени, што најавува голема драма и неизвесност на терените ширум Европа.
Големо внимание привлекува дуелот во Атина каде АЕК го пречекува бугарскиот претставник Левски Софија по почетните 0-0 во првиот меч. За Левски ова е можност за историски успех, бидејќи со евентуална победа ќе стане првиот бугарски клуб што заиграл во новиот формат со 36 екипи и ќе се врати во елитата за првпат по сезоната 2006/07. Непомалку драматично се очекува да биде и на стадионот „Жерлан“, каде францускиот Лион го пречекува турскиот гигант Фенербахче по нерешените 1-1 во Истанбул.
Израмнето е и на преостанатите два дуели. Словенечкиот шампион Целје на домашен терен бара пат кон елитата против Слован Братислава по првите 1-1 во Словачка, додека норвешкиот Викинг го пречекува хрватскиот шампион Динамо Загреб по ремито од 2-2 во првата средба.

