Шкендија го потврди трансферот на јамајканскиот интернационалец Роналдо Вебстер во романскиот клуб Универзитатеа Крајова. По успешно завршените преговори меѓу двата клуба, постигнат е договор за трансферот на фудбалерот, кој во иднина ќе настапува во романското првенство во дресот на Универзитатеа Крајова.
Вебстер во Шкендија пристигна во летото 2024 година од Брегалница Штип и брзо се етаблираше како важен дел од тимот. Тој имаше значајна улога во освојувањето на шампионската титула во сезоната 2024/25, а беше дел и од историскиот европски успех на тетовскиот клуб, кој обезбеди пласман во лигашката фаза, а потоа и во плеј-офот на Конференциската лига.

