Кратовски Силекс денеска ја започнува новата европска авантура во квалификациите од Конференциската лига на УЕФА. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија му гостува на тимот на Динамо Минск во рамките од првото квалификациско коло.
Предводникот на кратовци, Александар Васоски, изрази голем респект кон противникот кој е лидер во белоруското првенство. Динамо веќе има одиграно 15 официјални мечеви сезонава, што им носи сериозна предност во натпреварувачкиот ритам. Сепак, македонскиот претставник патува со јасна амбиција за позитивен исход.
„Тука доаѓаме со една единствена цел, да оствариме добар резултат за реваншот во Скопје. Минатата сезона покажавме дека имаме карактер, дисциплина и дека знаеме да играме на резултат“, изјави Васоски.
Стратегот се осврна и на промените во играчкиот кадар по сериозните заминувања во офанзивата. Тој верува дека новите засилувања одлично се вклопуваат и ќе бидат достојна замена. Натпреварот се игра вечерва со почеток во 19:00 часот во Стара Загора, Бугарија.

