Шефот на Ферари, Фред Васер, одби да зборува за можна шампионска битка и покрај одличниот настап на Луис Хамилтон и првата победа на тимот оваа сезона во Барселона.
Иако британскиот возач значително ја намали разликата во генералниот пласман, Васер смета дека е прерано да се прават пресметки за титулата. Според него, Ферари мора да остане фокусиран на секоја следна трка, наместо да размислува за крајниот исход на шампионатот.
Французинот истакна дека условите во Барселона одиграле важна улога во силното издание на болидот и предупреди дека еден добар викенд не гарантира исти резултати и на наредните трки.
„Најважно е да продолжиме да работиме како во Шпанија. Сезоната е долга и нема простор за преголема еуфорија“, порача Васер пред следната трка во Австрија.

