Меѓународен ракомет Ракомет

„Вардарската“ врска го одведе Мелсунген во големото финале на Лигата на Европа!

Екипата на Мелсунген обезбеди билет за големото финале во Лигата на Европа, откако во германската пресметка демонстрираше сила и го преслуша Фленсбург со убедливи 37-30. Креатори на овој голем успех се поранешниот стратег на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, и летонскиот џин, Даинис Криштопанс, кои уште еднаш покажаа дека ја имаат победничката формула за европски успеси.

Првиот дел од мечот донесе изедначена и тактичка борба „гради во гради“, во која двете екипи наизменично се менуваа во водство, за Мелсунген да замине на пауза со минимална предност од 15-14. Меѓутоа, вистинското ремек-дело на Парондо следуваше во вторите 30 минути. Неговите избраници одиграа фуриозно во второто полувреме, го скршија отпорот на противникот и брзо создадоа недостижна предност за конечен триумф.

Прво име на теренот беше незапирливиот Даинис Криштопанс, кој го торпедираше противничкиот гол со девет погодоци. Кај поразениот Фленсбург, осамен во борбата остана Симон Питлик, чии осум гола беа премалку за да се запре разиграниот состав на Мелсунген.

Во битката за престижниот трофеј, Парондо и Кристопанс ги чека уште еден тежок домашен предизвик, бидејќи во големото финале ќе се соочат со тимот на Кил.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.