Македонски фудбал Фудбал

Вардар запрен во осминафиналето, Тиквеш приреди изненадување во Скопје

Фудбалерите на Вардар доживеаја непријатно изненадување во осминафиналето од Купот на Македонија, откако на домашен терен загубија од Тиквеш со 1-3 и ги завршија настапите во најмасовното домашно клупско натпреварување. Кавадарчани одиграа одлично второ полувреме, во кое постигнаа три гола и го обезбедија пласманот меѓу осумте најдобри. Еден од најатрактивните моменти на натпреварот се случи во 61. минута, кога Сила со ефектен погодок донесе водство од 1-2 за гостите. Тиквеш потоа успеа да ја потврди победата и да приреди големо изненадување, елиминирајќи го еден од најтрофејните македонски клубови.

Пласман во четвртфиналето обезбеди и Струга ТЛ, која со сигурни 2-0 ја совлада Беласица. Скопје минимално славеше против Новаци со 1-0, додека Работнички во возбудлив натпревар беше подобар од Каменица Саса со 3-2. Најголема неизвесност имаше во Ѓорче Петров, каде што Македонија ЃП и Брегалница одиграа 2-2 во регуларниот дел. Победникот беше решен по изведувањето пенали, а домашниот тим беше попрецизен и славеше со 5-4, со што штипјани останаа без место во следната фаза. Четвртфинале избори и Шкендија од Арачиново, која на гостувањето кај Башкими во Куманово триумфираше со 2-0.

Преостануваат уште дуелите меѓу Пелистер и Силекс, кој се игра во Битола, како и средбата АП Брера – Арсими, закажана за 25 ноември. По нивното комплетирање ќе бидат познати сите четвртфиналисти во Купот на Македонија.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.