Двократниот освојувач на Лигата на шампионите, скопски Вардар, денеска, го доби својот противник во четвртфиналето на Европската лига. Францускиот великан Монпеље ќе биде следната пречка на нашиот состав, откако французите беа подобри во двомечот против тимот на Елверум од Норвешка.
Првиот натпревар ќе се одигра во Франција на 28 април, а реваншот е закажан за 5 мај во СЦ „Јане Сандански“.
Вардарци, полека, но сигурно го враќаат својот сјај во европските натпревари, а Европската лига е вистинско место за нови радости.

