Македонски ракомет Меѓународен ракомет Ракомет

Вардар супериорно против Нант ја прва победа во ЛШ (ВИДЕО)

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 приреди вистинско изненадување и го демолираше Нант на негов терен со убедливи 33-27, остварувајќи го првиот триумф во Лигата на шампионите оваа сезона. Иако избраниците на Иван Чупиќ веќе беа насочени кон настапите во Европската лига поради поразите во првите три кола, тоа не ги спречи да одиграат со максимален пркос и сериозно да му ги помресат сметките на францускиот гигант во битката за нокаут-фазата.

„Црвено-црните“ го диктираа темпото од првата минута. Големо освежување во нападот донесе повратникот Урош Митровиќ, додека меѓу стативите блескаше фантастичниот Милош Валах, кој уште во првото полувреме за запиша девет интервенции за водство од 13-16 на паузата.

Целосната разврска следеше во второто полувреме, каде што Вардар рутински ја зголемуваше предноста. На десет минути пред крајот семафорот покажуваше недостижни 22-31, а во еден момент македонскиот првак имаше и максимални плус десет. Леон Љевар го предводеше нападот со седум погодоци, Јака Малус постигна шест, а Митровиќ пет пати ја затресе мрежата. Голманот Валах ја заврши вечерта со импресивни 16 одбрани, додека кај Нант најдобри беа Турченко и Периќ со по четири гола.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.