Македонски фудбал Фудбал

Вардар со победа од 2-1 ги почна подготовките во Италија

Македонскиот фудбалски шампион Вардар со победа ги отвори контролните натпревари во Италија, совладувајќи го аматерскиот состав на Умбрија со 2-1. Натпреварот се одигра во градот Фолињо, а „црвено-црните“ имаа убава поддршка од трибините благодарение на бројната македонска дијаспора која живее таму.

Шефот на стручниот штаб, Кристијан Фабијани, го искористи овој дуел за да им даде простор на помладите фудбалери, кои максимално ја оправдаа довербата. Натпреварот беше решен уште во раната фаза:

1-0 – Огнен Јаков уште во 5. минута донесе водство за Вардар.

2-0 – Иво Марковски во 15. минута ја дуплираше предноста.

2-1 – Противникот успеа да го ублажи поразот со погодок во 65. минута од средбата.

Состав на тимот
Почетни 11: Диковски – Мишковски, Најдовски, Куестас – Јевтовски, Дурански, Д. Тодоровски, Ф. Цветковски – Иво Марковски, Огнен Јаков, Данев.

Од клупата за резерви шанса чекаа: Велковски, Мурџевски, Бајрами, М. Николов, Митановски.

На експедицијата во Италија веќе и се приклучија и репрезентативците, кои успешно ги комплетираа задолжителните лекарски прегледи и тестовите за физичка подготвеност.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.