Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

Вардар со победа ја затвори италијанската мисија пред европскиот предизвик

Македонскиот шампион Вардар успешно ги заврши подготовките во Италија, откако во последниот пријателски натпревар го совлада Виртус од Сан Марино со резултат 3:2. „Црвено-црните“ одиграа добро прво полувреме и уште рано стекнаа убедлива предност. Горан Закариќ во седмата минута го отвори резултатот по одличната асистенција на Пирес, а во 20. минута Дарко Велковски ја зголеми предноста на 2:0, по додавање токму од Закариќ.

Во вториот дел Виртус успеа експресно да се врати во натпреварот и со два брзи погодоци да израмни на 2:2. Сепак, Вардар не дозволи изненадување. Во 80. минута Закариќ уште еднаш се запиша меѓу стрелците, повторно по асистенција на Пирес, носејќи му победа на својот тим. По успешно одработените подготовки, вардарци се враќаат во Македонија, каде што ги очекуваат завршните подготовки за првиот натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите против финскиот КупС.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.