Македонски ракомет Меѓународен ракомет Ракомет

Вардар со победа ги започна настапите во новата регионална лига (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Новиот регионален предизвик започна со позитивен резултат за поранешниот македонски европски шампион. Вардар уште на стартот покажа дека има амбиции да биде сериозен фактор во новото натпреварување. „Црвено-црните“ одиграа сигурен натпревар и со добра игра во клучните моменти стигнаа до заслужен триумф.

Вардар победнички го започна настапот во новата Регионална лига, откако денеска во СЦ „Билјанини Извори“ во Охрид славеше над Војводина со 36-30. Гостите од Србија имаа резултатски приклучок во почетните минути, но Вардар постепено го презеде ритамот на натпреварот. Во последните десет минути од првиот дел избраниците на Иван Чупиќ заиграа многу подобро, па на одмор заминаа со пет гола предност, 20-15.

Во второто полувреме Вардар не дозволи пресврт и искусно ја одржуваше предноста. Македонскиот тим во продолжението ја контролираше играта и на крајот заслужено славеше со 36-30. Љевар и Да Силва беа најефикасни кај Вардар со по шест гола, додека кај Војводина Чировиќ постигна шест погодоци.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.