Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

Вардар со оптимизам во Рига, Фабијани бара трпелива и дисциплинирана игра

Вардар е подготвен за еден од најважните натпревари сезонава. Македонскиот шампион вечерва ќе гостува кај Рига во реваншот од второто квалификациско коло во Конференциската лига, со желба да ја анулира негативата од 3-2 од првиот натпревар во Скопје. Во таборот на „црвено-црните“ владее оптимизам дека тимот може да одигра далеку подобро и да избори пласман во следната рунда.

Тренерот Кристијан Фабијани истакна дека клучот ќе биде во дисциплинираната и трпелива игра, нагласувајќи дека притисокот е на страната на домаќинот.

„Ни следи нов европски натпревар за оваа сезона. Тактички мора уште повеќе да се подобриме од претходните мечеви, да ги намалиме грешките, а притисокот ќе биде повеќе врз домаќинот Рига. Мора да играме трпеливо, тактички да бидеме перфектни и со намалени грешки во сите линии. Сите играчи кои допатуваа со нас ќе конкурираат за игра, ги немаме во тимот само Хоакин Торес и Бобан Николов. Го имаме официјалниот тренинг за финални подготовки за мечот“, изјави Фабијани.

Натпреварот денеска започнува во 19:00 часот.
Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.