Македонски фудбал Фудбал

Вардар со минимален триумф ги однесе бодовите од Штип (ВИДЕО)

Екипата на Вардар го задржа победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига, откако во рамките на 10. коло славеше со минимални 0:1 на тешкото гостување кај Брегалница во Штип. За „црвено-црните“ ова беше шеста првенствена победа сезонава, додека штипјани го претрпеа шестиот пораз.

Иако домаќините отворија храбро и преку Иван Николов и Бојан Рајков први се заканија кон противничкиот гол, клучниот момент се случи во 24. минута. По една одбиена топка во шеснаесетникот, искусниот Бобан Николов од тешка позиција со мајсторски удар од свртување ја затресе мрежата на Брегалница.

Во продолжението од средбата, штипјани тргнаа на сѐ или ништо во потрага по израмнување. Сепак, домашните офанзивци, пред сѐ Максимов во чиста ситуација еден на еден, не успеаја да го совладаат одличниот Давор Талески, па Вардар со дисциплинирана одбрана ја сочува минималната предност до последниот судиски свиреж.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.