Македонски ракомет Ракомет

Вардар се враќа во елитата: „Црвено-црните“ го започнуваат патот во ЛШ против Мелсунген

По петгодишна пауза, РК Вардар 1961 повторно се враќа на најголемата сцена и станува дел од најелитното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите. Двократниот европски првак новата авантура ја започнува на тежок терен, гостувајќи му на германскиот состав Мелсунген во рамките на првото коло од групата Б.

Дуелот што ќе се одигра во салата во Касел со почеток од 20:45 часот претставува ново поглавје меѓу овие два ривала, кои минатата сезона веќе ги одмерија силите во Европската лига. Овојпат пресметката се одвива во сосема поинакви околности и на значително повисоко натпреварувачко ниво.

Пред овој важен предизвик, поддршка и верба во победничкиот менталитет на скопскиот клуб упати и нивниот партнер Видеолотарија Касинос Австрија, посакувајќи му на двократниот шампион успешна европска сезона.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.