Македонски ракомет Меѓународен ракомет Ракомет

Вардар се прости од Лигата на шампионите со реми

Ракометарите на Вардар со реми 26-26 против германскиот Мелсунген го завршија настапот во овогодинешната Лига на шампиони. „Црвено-црните“ одиграа неизвесен натпревар во кој имаа свои моменти, но на крајот не успеаја да стигнат до победа. Гостите подобро го отворија дуелот и поведоа со 0-2, а во продолжението стигнаа и до предност од три гола. Вардар постепено ја подобруваше играта, се врати резултатски и во финишот на првото полувреме го презеде водството. На пауза домашниот тим замина со предност од 14-12.

Мелсунген одлично го започна вториот дел и со серија од 4-1 направи пресврт за водство од 15-16. До самиот крај се водеше изедначена битка, а ниту една екипа не успеа да се одлепи на посериозна разлика. Во драматичната завршница Вардар имаше можност да стигне до триумф, но гостите успеаја да одговорат и да го постават конечниот резултат 26-26.

Матео Фадуил со седум погодоци беше најефикасен кај Вардар, додека Леон Штел постигна осум гола за германскиот состав. Со ова реми, двократниот европски шампион ја заврши својата европска сезона.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.